Поранешната задругарка, пејачка и сегашна сопруга на Марко Миљковиќ, Луна Џогани се присети кога била учесник на реалното шоу „Задруга“ во првата и втората сезона.
„Мене таа победа ми беше важна. Тогаш влегов за мојот живот да го донесам во ред, бидејќи во првата сезона го уништив. Мојата цел беше да успеам и да победам“, вели Луна.
Таа додава дека кога би се споредила себеси сега и таа Луна во шоуто, баш била детинеста.
„Во првата сезона влегов како девојка која сакаше да проба нешто ново. Ништо не би избришала, се така требаше да биде. Бог ме награди баш за тоа каков сум човек“, посочи Луна.
Таа додава дека со Марко се запознале во првата сезона и доколку некој и кажал дека тој ќе биде нејзин сопруг и татко на детето, немало да му верува.
„Знаев кој е тој и пред првата сезона, не ни помислив дека еден ден ќе биде мој. Кога ќе го видам наутро со ќерката како ми се смее, благодарна сум што бев дел од реалното шоу и што денес имам се. Судено ми беше баш на тоа место да се спојам со него и покрај се, што се случи“, заклучи Луна.
