Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Свет

Први апсења на изборите во САД: Откриен план за атентат на Трамп!

Први апсења на изборите во САД: Откриен план за атентат на Трамп!

ФБИ агенти уапсија две лица во Мичиген поради закани поврзани со изборите, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на извори од американските медиуми.

Детроит њуз објави дека еден осомничен е поврзан со заговорот за убиство на Доналд Трамп. Човек по име Исак Сисел, кој наводно објавил на социјалната мрежа Редит под корисничкото име „ShootUpTrumpRally“, им рекол на инспекторите дека верува дека „се би било подобро ако Трамп е мртов“.

Во друг кривичен случај поднесен денес, Кристофер Клеј Пирс (46) од Џексон е обвинет за закани против неидентификуван политички акционен комитет (PAC) поврзан со демократите во последните две години.

Пирс, наводно, претходно го предупредил ФБИ дека може да биде обвинет за кривично дело доколку продолжи да објавува закани на интернет, но тој продолжил да ја вознемирува групата наклонета кон демократите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни