Изнајмиле педалинка за да се возат по Дојранското езеро, во момент на нестабилност педалинката се превртела, а маж на 42 годишна возраст започнал да се дави, дознава 4NEWS.mk.
Немало спас, на педалинката имало и други лица, но телото набрзо исчезнало во водите на Дојранското езеро.
Телото се уште не е пронајдено заради тоа што во езерото има многу трски, алги, а и слаба е видливоста – до 1м длабочина. Местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од МВР „Тигри“ за да се спроведе акцијата за пронаоѓање на телото. На лице место се ТППЕ и СВР Гевгелија.