Македонија

Првиот министер за правда Туше Гошев: За независноста беа потребни ум и вешта политика, а не жртви

Првиот министер за правда Туше Гошев: За независноста беа потребни ум и вешта политика, а не жртви

Првиот министер за правда во независна Македонија, Туше Гошев, гостуваше во специјалното издание на „Отворено студио“ на 4TV посветено на 35-годишнината од независноста на државата, каде се осврна на историските моменти од 1991 година и предизвиците со кои се соочувал првиот парламентарен состав.

Тој истакна дека 8 Септември е остварување на вековниот сон и желба пренесена од генерации Македонци, преточена преку Крушевската Република и АСНОМ, а потврдена преку референдумското изјаснување.

Со распишувањето на првите повеќепартиски избори во 1990 година, кандидатите за пратеници влегла со јасна визија и желба да се конституира самостојна и независна држава.

Во услови кога југословенската федерација се распаѓала, се донеле мудри и вешти политички одлуки кои овозможиле Македонија да стекне независност без ниту една човечка жртва, спротивно на мислењата дека држава се прави само со борба и конфликти.

„Нашата желба беше дека ние треба на мирен начин, со вешта политика, со многу знаење за формирање на држава, а не да припадаме на она група која мислеше дека само со жртви се правела држава“, рече тој.

Гошев посочи дека процесот не бил едноставен и имало спротивставени ставови, но фокусот бил ставен на градење модел за безбеден премин од федерација во суверена држава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни