Свет

Првите слики по страшната експлозија во Бејрут: Во градот владее паника

Првите слики по страшната експлозија во Бејрут: Во градот владее паника

Експлозијата се случила околу 18 часот на југот на градот

Лидерот на Хамас, Салах ал-Арури, наводно загинал во експлозија што се случила околу 18 часот во јужниот дел на Бејрут, Либан.

Според првичните информации, во нападот загинале најмалку четири лица, а делови од телото се расфрлани по улиците.

Хезболах се огласи и рече дека станува збор за ракетен напад, за кој е обвинет Израел, кој се уште не се изјаснил во оваа прилика.

Засега нема информации како точно бил извршен нападот. Едната верзија е дека била испукана ракета, другата дека нападот бил извршен со дрон.

На терен се бројни спасувачки екипи, а низ градот владее паника.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни