Прво го „прескокна“ делот од македонската химна, а сега го истетовира (ФОТО)

Пред некое време, настапот на Тамара Тодевска на прославата на националниот празник Денот на независноста во американската амбасада наиде на негативни реакции и коментари поради тоа што Тодевска тогаш при изведба на македонската химна, го „прескокна“ делот каде се споменуваат Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански.

Тодевска потоа се извини и јавно истакна дека токму таа строфа ќе ја истетовира на себе, па како што вети – тоа и го исполни.

Таа на своето тело ја истетовира токму прескокнатата строфа „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“ и тоа го сподели на својот Фејсбук профил.

„Ветено, сторено“, напиша таа.

.

Извор: ТВ21