Македонија

Пукал кон група кучиња скитници и усмртил едно – кривична пријава против жител на село Долгаш во општина Центар Жупа

Пукал кон група кучиња скитници и усмртил едно – кривична пријава против жител на село Долгаш во општина Центар Жупа

Кривична пријава е поднесена против 68-годишен жител на селото Долгаш, општина Центар Жупа, откако со ловечка пушка пукал кон група кучиња скитници и усмртил едно од нив.

Од ОВР Дебар информираат дека е поднесена кривична пријава против Ф.И. (68), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“.

Според пријавеното, инцидентот се случил на 29 мај 2026 година околу 18:30 часот во селото Долгаш. Пријавениот, според полициските наводи, со ловечка пушка пукал кон група од повеќе кучиња скитници.

При пукањето било усмртено едно од кучињата.

Од надлежните институции се преземаат понатамошни мерки во врска со случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни