Една жена е убиена, а тројца мажи и две жени се ранети во пукотница што се случила денес околу 15 часот во кафуле во Вишњичка бања во Белград, пишува Блиц. Голем број полицајци се на местото на настанот, а истрагата веќе е во тек.
Како што неофицијално дознава Блиц, убиена е Д.В. (51), додека мажот О.А. (59) и жената Љ. М. (42) се ранети и пренесени во Ургентниот центар.
Се бараат сторителите
Освен нив, ранети се и уште двајца мажи и една жена, која се бори за живот поради тешките повреди. Очевидци од местото на пукотницата велат дека неколку лица влегле во кафулето и пукале.
Како што известува репортерот на „Блиц“ од местото на настанот, улицата Палилула – Вишњичка и сè друго е под опсада. Полицијата ги запира возилата и ги пребарува за да ги пронајде сторителите.