ПУКАЊЕ ВО БЛИЗИНА НА БЕЛАТА КУЌА: Краткотраен lockdown, службите реагираа!

Белата куќа во Вашингтон накратко беше ставена под безбедносен режим откако биле пријавени истрели на неколку блока од комплексот, јавуваат тамошни новинари и медиумски извори.

Според првичните информации, безбедносните служби веднаш реагирале, при што припадници на Сикрет сервис биле распоредени околу Белата куќа, а новинарите кои се наоѓале на северниот тревник биле евакуирани и пренесени во брифинг-салата.

Се вчитува...

Инцидентот предизвикал краткотраен „lockdown“ на комплексот, додека службите ја проценувале заканата. Дел од извештаите наведуваат дека истрелите биле слушнати на неколку блока оддалеченост, по што следувале засилени безбедносни мерки.

Според неофицијални информации што ги пренесуваат новинари на терен, Доналд Трамп е безбеден. Во меѓувреме, по извршените проверки, надлежните издале „all-clear“, што значи дека непосредната опасност е отстранета и ситуацијата е ставена под контрола.

Засега нема официјални детали за евентуални повредени лица или за тоа што точно го предизвикало инцидентот.

Настанот повторно ја отвора темата за зачестените безбедносни инциденти во главниот град на САД, иако, според дел од аналитичарите, реакцијата на институциите во вакви ситуации останува брза и координирана.

Се очекуваат дополнителни информации од американските власти.