Пукање во Котор, едно лице убиено

Едно лице е убиено во пукање во Котор, дознава Портал РТЦГ од полицијата. Како што е соопштено, вечерва во населбата Златне њиве во Котор дошло до употреба на огнено оружје. Притоа бил ранет Р.К. (44) од Котор, кој поради здобиените повреди починал во Општата болница во Котор. Според информациите, станува збор за Радован Кривокапиќ, кој се доведувал во врска со „шкаљарскиот“ клан.

Полициските службеници на Управата на полицијата – Регионален центар за безбедност „Југ“, во соработка со Секторот за борба против криминалот и во координација со надлежниот државен обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица, преземаат итни мерки и активности за утврдување на сите околности и расветлување на ова кривично дело.

Во Котор сообраќајот е отежнат, а Управата на полицијата врши претрес на возила.