Путин и се закани на Европа поради гасот: Последиците ќе бидат крајно болни

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Европа нема друга алтернатива освен да продолжи да ја користи руската енергија, предупредувајќи на „исклучително болни“ економски последици доколку континентот се обиде да го прекине снабдувањето со нафта и гас. „Едноставно нема разумна замена за Европа“, рече Путин во обраќањето од неговата резиденција во близина на Москва.

„Едноставно нема резервни количини на глобалниот пазар, а испораките од други земји, пред се од САД, кои би можеле да бидат испратени во Европа ќе ги чинат потрошувачите многу пати повеќе“, рече Путин.

Лидерите во Европа се обидуваат да ја намалат зависноста од руската енергија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги критикуваше земјите како Германија кои се против целосна забрана на руската нафта и гас – велејќи дека имаат крв на рацете.

Сепак, Путин исто така призна дека има „проблеми со исплатата на руската извозна енергија“ бидејќи банките од „непријателските земји“ го одложија трансферот на средствата.

„Како што многупати кажавме, тука најголем проблем е нарушувањето на извозната логистика“, рече тој.