Путин ја одликуваше бригадата обвинета за масакрот во Буча

Рускиот претседател и додели на 64-та моторизирана пешадиска бригада почесна титула за „херојство“, пренесува АФП, додавајќи дека Украина ја обвини воената единица за злосторства извршени во Буча. Путин потпиша декрет со кој ги одликува членовите на бригадата за нивниот „херојство, истрајност, одлучност и храброст“, соопшти Кремљ.

Одлучните и вешти акции на членовите на бригадата за време на специјалната воена операција во Украина се пример за извршување на воената задача, храброст, решителност и голем професионализам, напиша Путин во пораката до војниците. Кремљ не прецизира каде се тие сега, која е нивната мисија или каде се распоредени.

Загинаа околу 300 цивили

Киев ја обвинува руската армија, особено 64-та моторизирана пешадиска бригада, за масакрирање на цивили во Буча, што беше откриено по повлекувањето на руските трупи на 30 март. Русија ги отфрла обвинувањата и тврди дека украинските власти и западните медиуми го организирале масакрот или дека го извршиле украинските сили за да ја обвинат Москва.

Според украински извори, во Буча биле убиени околу 300 цивили.