Свет

Путин ја предложи Москва за средба со Зеленски, претседателот на Украина го одби тој предлог

Путин ја предложи Москва за средба со Зеленски, претседателот на Украина го одби тој предлог

Владимир Путин наводно ја предложил Москва како место за трилатерален самит со Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, но украинскиот претседател го отфрлил предлогот како провокација, според два неименувани извори запознаени со телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и рускиот претседател, пренесува Би-Би-Си.

„Путин ја спомена Москва за време на разговорот со Трамп во понеделник, но Зеленски рече не“, рече еден од изворите.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони предложила одржување трилатерален самит во Рим, што било поддржано и од Трамп и од Зеленски, објави британскиот Скај њуз.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни