Путин потпиша закон со кој се менува начинот на регрутирање за воена служба

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се менува начинот на регрутирање за воена служба на таков начин што ќе се спроведува во текот на целата календарска година, од 1 јануари до 31 декември, беше објавено на официјалниот портал за правни информации.

Според сегашниот закон, граѓаните се регрутираат двапати годишно, од 1 април до 15 јули и од 1 октомври до 31 декември, пренесува агенцијата Интерфакс.

Регрутирањето вклучува лекарски преглед, стручна психолошка проценка и состанок со комисијата, кој исто така ќе се спроведува во текот на целата година.