Путин: Раѓањето на многу деца треба да стане норма

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека институцијата на семејството е фундаментален столб на руското општество, а поддршката на семејствата е приоритет на демографската политика.

Решавањето на демографските прашања е задача за сите нивоа на власта, рече Путин, претседавајќи со првиот состанок на Советот за спроведување на државната демографска и семејна политика.

„Воопшто, сакам да повторам – решавањето на демографските прашања и поддршката на семејствата е одговорност на сите, особено на сите нивоа на власта – од федералната влада до општините“, истакна тој, пренесува РИА Новости.