Путин: Русија е лидер во нуклеарната енергија

Рускиот претседател Владимир Путин денес оцени дека Русија останува неоспорен лидер во нуклеарната енергија, поседувајќи уникатни компетенции во целиот производствен синџир.

„Во текот на следната деценија и пол, во Русија се планира да се стават во погон повеќе од 29 гигавати нуклеарен капацитет, вклучувајќи мали нуклеарни централи“, рече Путин на меѓународниот форум „Недела на руската енергија“.

Тој ја истакна активната соработка во нуклеарната индустрија со земјите од Глобалниот Југ преку БРИКС, пренесува РИА Новости.