Свет

Путин: Русија ќе прифаќа плаќања за природен гас само во рубли од непријателските земји

Путин: Русија ќе прифаќа плаќања за природен гас само во рубли од непријателските земји

Русија сега ќе прифаќа плаќања за природен гас од „непријателските“ земји само во рубли. Ова го изјави Владимир Путин на состанокот со владата во средата, пишува РТ. На „црната“ листа на земји е и Бугарија.

Тој им даде рок на Централната банка и на владата една недела да ја утврдат процедурата за операции за купување рубли на домашниот пазар за увозниците.

Путин додаде дека Русија ќе продолжи да испорачува гас во согласност со обемот и принципите на цените во договорите. Се менува само валутата за плаќање.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни