Путин: Русија успешно го тестираше нуклеарниот дрон „Посејдон“ со поголем дострел од „Сармат“


Русија спроведе успешен тест на подводниот дрон (торпедо) „Посејдон“ со нуклеарен погон, чија моќност ја надминува моќноста на интерконтиненталната ракета „Сармат“, објави денес претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

„Вчера спроведовме уште еден тест на нов ветувачки комплекс, подводното беспилотно возило „Посејдон“, исто така со нуклеарна енергетска единица. За прв пат успеавме не само да го лансираме од подморница-носач со помош на стартер мотор, туку и да активираме нуклеарен реактор кој работеше одредено време“, рече Путин за време на посетата на Централната воена болница во Москва, пренесува РИА Новости.

Тој го оцени тестирањето како „огромен успех“, нагласувајќи дека „Посејдон“ нема пандан во светот ниту по длабочина ниту по брзина на движење.