Русија започна со сериско производство на ракетниот систем „Орешник“, објави рускиот претседател Владимир Путин.
„Создадовме, пуштивме во употреба и започнавме со сериско производство на ракетниот систем со среден дострел „Орешник“, изјави Путин вчера, за време на церемонијата на доделување награди на производителите на системите „Посејдон“ и „Буревестник“, пренесува РИА Новости.
Тој, исто така, објави дека производството на „Буревесник“ и „Посејдон“ има историско значење за рускиот народ и е важно за безбедноста и стратешката паритет во наредните децении.