Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на пленарната сесија на Источниот економски форум во Владивосток.
На панелот со Путин се и премиерот на Малезија Анвар Ибрахим и потпретседателот на Кина Хан Женг.
Путин рече дека далечните источни региони на Русија и даваат на земјата директен пристап до перспективните растечки пазари на азиско-пацифичките земји.
– Далечниот исток е наш лидер во новата глобална економска реалност. Иднината на целата наша земја во голема мера зависи од тоа како ќе се развива Далечниот Исток. Всушност, денес Далечниот Исток, без никакво претерување, стана најважниот фактор за зајакнување на позицијата на Русија во светот – изјави претседателот на Русија, пренесува Спутник.
Путин рече дека Источниот економски форум станал платформа за дискусија за развојните стратегии на Русија и на целиот азиско-пацифички регион.
– Источниот економски форум со право стана призната платформа за воспоставување цврсти деловни контакти и за дискусија за стратешки прашања во развојот на рускиот Далечен Исток и целиот азиско-пацифички регион – рече Путин на пленарната седница на Источниот економски форум.
Тој рече дека на последните три форуми се потпишани повеќе од 1.000 договори во вредност од над 10,5 милијарди рубљи и отворени се над 140.000 работни места.
Путин им предложи на учесниците на форумот да размислуваат за изградба на нуклеарни централи на Далечниот Исток и додаде дека проширувањето на Источниот полигон на железницата е најважниот и најголемиот проект.