Рускиот претседател Владимир Путин го имаше своето прво јавно обраќање по почетокот на руско-украинската војна.
На стадионот Лужники во Москва, се одржаа концерти и митинзи по повод 8-годишнината од илегалната анексија на Крим. Настанот започна со концертите на уметниците.
По некое време, Путин излезе на бината и се обрати на толпата која го исполни стадионот.
Путин за прв пат одржа јавен митинг по нападите врз Украина.
Техничка грешка во говорот на Путин
Сите руски ТВ канали во живо го пренесуваа говорот на Путин. За време на преносот во живо, дојде до прекин во последните секунди од 6-минутниот говор на Путин.
Пред да заврши говорот, на екранот се појави концертниот дел од програмата.
Во својот говор Путин тврдеше дека луѓето кои живеат во регионот Донбас во Украина биле блокирани и нападнати и рече: „Спасувањето на овие луѓе од страдање и геноцид е причината и целта на воените операции што ги започнавме во Донбас и Украина“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека дошло до неочекуван прекин поради технички причини на серверот каде што се емитувал.