Свет

Путин со новогодишна порака до светските лидери

Рускиот претседател Владимир Путин денеска испрати новогодишна порака на американскиот колега Доналд Трамп, наведувајќи дека Москва е подготвена за дијалог со Вашингтон.

„Ројтерс“ пренесе дека Путин во одвоено писмо до сирискиот претседател Башар ел Асад, ветил дека ќе продолжи да и помага на Сирија во борбата против тероризмот.

Путин им испрати порака и на лидерите на Кина Си Чинпинг, на британската премиерка Тереза Меј и на јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни