Рускиот претседател Владимир Путин денес оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп најверојатно размислувал за одложување на средбата со него, кога рече дека ја откажал таа средба.
„Американскиот претседател одлучи да ја откаже или одложи оваа средба. Поверојатно е дека зборува за нејзино одложување“, изјави Путин пред новинарите.
Тој истакна дека би било погрешно да се „пристапи лесно кон оваа средба и да се замине без очекуваниот резултат“, пренесува ТАСС.
„Во нашиот последен телефонски разговор, самата средба и нејзиното место беа предложени од американската страна. Се согласив со тоа, го изразив моето мислење за ова прашање и реков дека, секако, ваквите состаноци мора да бидат добро подготвени. Би било грешка за мене и американскиот претседател да пристапиме лесно кон оваа средба, а потоа да заминеме без очекуваните резултати“, рече тој.