Рускиот претседател Владимир Путин традиционално им се обрати на Русите со новогодишна честитка и во таа прилика истакна дека Русија успеала да одговори на најтешките предизвици во изминатата година.
Според него, има уште многу да се одлучи, но со право може да се пофали со веќе направеното, пренесе РИА Новости.
„Сега, на прагот на новата година, размислуваме за иднината, убедени сме дека се ќе биде во ред“, рече претседателот на Русија.