Свет

Путин забрани регистрација на имот за странци во Доњецк, Луганск, Херсон

Путин забрани регистрација на имот за странци во Доњецк, Луганск, Херсон


Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој им забранува на граѓаните на непријателските земји да регистрираат недвижен имот во, како што е наведено во декретот, руските региони без посебна дозвола.

„До 1 јануари 2028 година е забрането да се врши државна регистрација на правата на граѓаните на непријателски странски земји на недвижен имот лоциран на териториите на Народна Република Доњецк, Народна Република Луганск, Запорожје и област Херсон без посебна дозвола за нејзино спроведување“, се наведува во документот што го објави Интерфакс.

Исклучок од оваа забрана се странците кои служат со договор во вооружените сили на Русија или воените формации, оние кои се отпуштени од таа служба, како и нивните сопружници, родители и деца, според декретот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни