Путин зборуваше за Југославија и за Елцин: Штом го крена гласот поради агресијата стана ладен руски империјалист, алкохоличар и слично

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска во својот редовен годишен говор пред нацијата се осврна на горливите прашања во војната во Украина, одговараше на економски теми, но и традиционално ја спомена 1999 година и нападот на Југославија.

Путин рече дека верува оти успеал да ја спаси Русија, но и дека неговиот претходник Борис Елцин застанал на страната на Југославија.

– Она што не чекаше порано беше целосно губење на суверенитетот. Западот го потапка Елцин по рамо, бидејќи за нив тој беше само смешно пиле кое сака да посегне по чаша. Но, штом го крена гласот поради агресијата врз Југославија и укажа на активното кршење на меѓународното право, стана ладен руски империјалист, алкохоличар и слично, рече Путин, одговарајќи на малку провокативно прашање на новинар.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното