Не е проблемот во другата личност, тука станува збор за вашето здравје и за вашата хигиена. Експертите и дерматолозите тврдат дека со причина постојат работи кои не треба да ги делите со другите. Ова се еден дел од нив кои редовно се користат.
Сапун
Иако многумина мислат дека сапуните кои се наменети за миење на бактериите се безбедни за користење, сепак не е баш така, Бидејќи по користењето, сапунот не се суши целосно, може на него да останат бактерии. Па, токму поради тоа експертите советуваат дека не треба да го делите со другите.
Капи, кациги, четки и чешли за коса
Овие работи никако не смеете да ги делите со други. Можете да фатите вошки, а истото може да се случи и доколку користите туѓа перница.
Грицкалка за нокти
Ретко кој правилно ја дезинфицира грицкалката за нокти, па така на неа остануваат многу бактерии и габи. Доколку случајно со грицкалката за нокти ја поткачите и кожата, отворате место преку кое тие можат да се пренесат.
Шминка
Маскарата, карминот и други средства за разубавување, чувајте си ги за себе. Преку шминката може да се пренесе некоја инфекција. Иако шминката во себе содржи одредени конзерванси, чија цел е да ги уништува бактериите, подобро е да не ја делите со други.
Брич
За ова и не треба некое преголемо објаснување. Доволно е да се каже дека на жилетите може да има крв, а сите работи на кои може да има нечија крв, треба да се одбегнуваат.
Антиперспиранти
Незгодниот мирис на одредена врста пот доаѓа од бактериите кои ја разградуваат потта на кожата. Дезодорансите, имаат одредени антибактериски својства кои го спречуваат тој мирис. Од друга страна, антиперспирантите имаат својство да го намалат потењето. Па така ако со некого го делите вашиот стик, бактериите можат да се пренесат. Со дезодорансите нема никаква опасност, но со стиковите и ролоните има.
Пијачки
Делењето на чаша или шише со пијалак или вода доведува до размена на плунка, а преку неа и голем број болести и бактерии. Овие бактерии можат да предизвикаат воспаление на грло, настинки, херпес, менингитис и други болести.
Четка за заби
За време на миењето на забите, кај некои луѓе доаѓа до крвавење на непцата, а покрај тоа во устата може да има и голем број бактерии, па затоа не се препорачува да се дели со друг.
Обетки
Кога ќе ги пикнете обетките во дупчињата од ушите можете да ја оштетите кожата, а со тоа и да пренесете бактерии од претходниот корисник.
Слушалки
Истражувањата покажале дека честата употреба на слушалки го зголемува количеството на бактерии во ушите. Делењето на исти слушалки со некого, може да доведе и до воспаление на ушите. Затоа одбегнувајте да ги делите и редовно чистете ги.