Работна група на Судскиот совет го посетила Кривичниот суд во текот на вчерашниот ден и извршила увид во оделот за извршување на санкции, поточно во предметот „Тенк“ за Никола Груевски.
Работната група по извршениот увид констатирала дека по предметот е постапувано со исклучителна итност и исклучително почитување на законските рокови, односно постапувано е професионално и стручно од страна на судијата за извршување на санкции Пајазит Пајазити и постапката е спроведена во рамките на законот, односно согласно Законот за извршување санкции.
Посетата доаѓа откако извршната власт, пред се министрите Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска упатии критики на адреса на судската власт за бегството на екс премиерот Груевски. Увидот го направиле, новоизбраниот член на Советот, Сашко Георгиев и членовите Шемседин Јусуфи и Беким Реџепи, како и државната советничка во Судскиот совет Весна Толева.
