Работник од Бангладеш загинал при извршување работни задачи во кратовско

На 06.02.2025 во СВР Куманово било пријавено дека при извршување работни задачи за приватна фирма во село Кетеново, кратовско, А.Р.(35) од Бангладеш се заглавил во работна машина за правење бетон и од здобиените повреди починал на местото на настанот.

Лекар констатирал смрт, а за настанот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор.

Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното