Македонија

Работник од Кавадарци се здобил со тешка повреда, пренесен на клиника во Скопје

Работник на 49-годишна возраст од Кавадарци, вчера бил тешко повреден, откако паднал и удрил во метален профил, информира попладнево Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
По укажаната помош во Општа болница-Кавадарци, работникот Ј.Г. бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

Извршен бил увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни