Македонија

Работните групи на власта и опозицијата ги почнуваат разговорите за иднината на СЈО

Работните групи кои беа формирани од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, денеска треба да го имаат првиот состанок за да се изнајде решение околу иднината на СЈО, односно за законот за Јавно обвинителство.

Власта и опозицијата имаат спротивставени ставови во однос на иднината на СЈО.

Мицкоски во неколку наврати кажа дека Јанева е неприфатлива и не може да остане на функцијата. Од друга страна Заев истакна дека Јанева ја има целосната поддршка.

Работната група на власта ќе ја сочинува Рената Дескоска и нејзиниот заменик Оливер Ристоски, додека од опизицијата претставник ќе биде адвокатот Тони Менкиновски.

Покрај Законот за јавно обвинителство, се очекува да се разговара и на другите рефорски закони.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни