Работните групи се сретнаа во Собрание, дебата за Уставните измени и во Универзитетите

Поширока јавна дебата за Уставните измени како предлогот произлезе од првиот состанок на подгрупата за интеграција. По усвојување на нацрт-амандамните, пратениците оценија  дека во дебатата треба да се вклучат професори по уставно право од цела Македонија. Според собраниските рокови јавната дебата ќе трае најмногу 5 дена.

„Се договоривме, покрај во Скопје, МАНУ и другите институции кои што се наоѓаат во главниот град, јавни расправи за нацрт-амандманите да се одржат и во други градови, онаму каде што има универзитетски центри, како Битола, Штип, Тетово, но, можеби и во други градови. Нам пратениците ни е битна јавната расправа за да се види како ќе се одвиваат натамошните активности, изјави пратеникот, кој“, изјави Јован Митрески од СДСМ.

Прв состанок денеска одржа и подгрупата за реформи на собраниското тело за помирување. За почетокот пратениците утврдиле измени на 20-тина закони од правосудството, изборниот законик и работата на Собранието.

„Предлагам Владата на Р.М. сите овие закони кои ќе бидат тема на расправата на оваа група, да ја усогласат легислативата на ЕУ, при што до 15 декември ќе биде испратен в Собрание. Бараме од претседателот на Собранието, Талат Џафери, да свика посебна седница за сите овие закон, и до 31 декември ќе имаме агенда во Собрание, каде ќе биде постапката за буџетот на 2019  година и за Уставните измени“, изјави Реџаил Исмаили, раководител на групата за реформи.

Уставните измени ќе влезат во трета фаза, откако усвоените нацрт-амандамни Владата ќе ги преточи во конкретни предлози. Во оваа фаза пратениците во рамки на дебатата во собраниските комисии за уставни прашања, ќе имаат можност да поднесуваат амандмани. Целиот овој процес се очекува да заврши до крајот на јануари. Работните групи беа формирани во рамки на координативното тело за помирување, чија цел е координација на законските решенија за амнестирање на одредени дела на неколкумина од обвинетите за настаните од 27 април.

Репортер: Зимер Јашари

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното