Радован Караџиќ осуден на доживотен затвор!

Радован Караџиќ е осуден на доживотен затвор поради воени злосторства, одлучи денеска Судот во Хаг во второстепената постапка. Со тоа е зголемена казната од 40 години која првично му беше одредена во 2016 година.

Виновен е за „масакрот“ во Сребреница, потоа за теророт Сараево. Одбиени биле сите негови жалби.

Караџиќ е во притвор во Шевенинген од 30. јули 2008 година. Побара повторно да му се суди, или да биде ослободен. Обвинителството со жалба предложи доживотен затвор.

 

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното