Рама во Либан – утре во Албанија се враќа прва група која сега се наоѓа во Сирија

Албанија преку акција која ја спроведува утре ќе ја донесе првата група од Сирија, каде што се наоѓаат четири деца и една мајка.

Акцијата во Сирија ја координира анти-терористичка служба на Албанија која во моментов се наоѓа во Либан. Акцијата се спроведува во соработка со курдските власти кои раководат со кампот Ал Хол.

Во Либан се наоѓа и премиерот на Албанија, Еди Рама. Се прават напори да се соберат сите семејства кои се наоѓаат таму, но според информациите неколку семејста се кријат и не сакаат да се вратат.

ТВ21 во соработка со A2 CNN работеше пред повеќе од една година токму на оваа тема.

.

Извор: ТВ21