„Првиот столб се заснoва на можноста за постигнување на потполна рамноправност врз концептот на консензуалност за донесување одлуки на ниво на држава, ова подразбира и поделба на власта врз основа на принципот на еднаквост на граѓаните и еднаквите можности за да може да раководи со било кое ниво на властите во државата и неслучајно главното мото ни е првиот премиер албанец во РСМ зошто да не? Ова произлегува од правото на секој полнолетен граѓанин и извира од уставните принци на носителите на власта“, посочи носителот од ДУИ во во петтата изборна единица, Талат Џафери во изборната дебата на ТВ21.
Тој додаде дека и во пракса докажале дека ова мото е засновано на спроведување на властите, како во МО, МВР, во Собранието.
„Ние и во пракса сме покажале дека ова мото, е засновано во спроведувањето на властите, како во МО, МВР, во собранието во последно време и сметаме дека е можност за секој граѓанин да ја почувствува еднаквоста во однос на поделбата на властите и фунциите. Вториот столб е за неселктивната правда и ДУИ е прв политички субјект кои јавно повикаа на ветинг за секој политичар и државен фунционер и судија во РСМ. Имајќи ги предвид последиците од вирусот ковид 19 од здравствен и економски аспект, еден од столбовите на ДУИ е економската обнова за можноста за еднаквиот пристап во сите аспекти на сето она што го сочинува економскиот спектар“, посочи Џафери.
Тој додаде дека другиот столб е за квалитетен живот за сите, во аспект на еднакви можности на секој граѓанин и семејства во пристапот до капацитетите на институциите на државата и последниот столб е пристапот кон еднакви можности особено за младите, младите на прво место како тпристап во оваа кампања.
.