Рамстор и Лидл ќе градат маркети во Кавадарци

Лидл и Рамстор се заинтересирани за отворање на маркети во Кавадарци. Ова го најави градоначалникот на општината Митко Јанчев.

„Можам да кажам и потенцирам дека Рамстор е заинтересиран за влез во Кавадарци и ќе влезе во брз период. Лидл исто така е заинтересиран и ќе влезе во брз период во Кавадарци. Кога велам брз, очекувам за година дена до година и половина тоа да се случи“, изјави градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев во телевизиско интервју за локалната КТВ.

Тој додава дека со тоа корисниците кои ќе доаѓаат во Кавадраци, покрај овие два маркети ќе ги користат и останатите придобивки кои ги нуди овој град.

„Со ова нема да се загрозат нашите локални маркети и локални бизнисмени, бидејќи тие се нашата матична основа. Сите брендови кои ќе дојдат треба да бидат чекор плис за тоа како да се бориме со конкуренцијата“, додаде Јанчев.