Македонија

Рашковски и уште шест лица обвинети за четири незаконски набавки, штетата е над 18,7 милиони денари

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и уште шест лица се обвинети за четири незаконски набавки, информираат од Обвинителството. Освен купување на софтвер за МВР, тој склучил уште три договори и незаконски исплаќал хонорари, велат од Обвинителството.

Истрагата за овој случај траеше околу половина година и заврши со обвинение за злоупотреба на службената положба и за перење пари. Од Обвинителството велат дека Рашковски во периодот од јуни 2017-та до февруари оваа година, со умисла помогнат од двајца надворешни соработници ги извршил делата што му се ставаат на товар.

Обвинителството бара и продолжување на мерката куќен притвор за Рашковски и за уште еден од обвинетите.

Штетата од извршеното дело се проценува на повеќе од 18,7 милиони денари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни