Распишана потерница по Груевски

МВР по налог на Кривичен суд попладнево распиша потерница по Никола Груевски кој се бара за отслужвање на казна затвор од две години.

-Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12 ноември 2018 година во 16.30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на потерница. МВР веднаш откако му е доставена постапува по наредбата се вели во информацијата.

Во петокот судскиот курир три пати се обиде да го добие Груевски на адресата по никовата лична карта, но не успеа. Неговата сопруга Боркива рекла дека Никола не е дома.

Извор: ТВ21