Распродадени билети за финалето на Алкалоид против АЕК Атина

Сè е подготвено за реваншот од финалето во Европскиот Куп на ЕХФ, каде македонскиот ракометен суперлигаш Алкалоид ќе се обиде да ја запише најголемата победа во својата историја. По триумфот во првиот натпревар против АЕК Атина со предност од четири гола, тимот од Скопје сега има шанса пред своја публика да го завери европскиот сон.

Возвратниот дуел ќе се одигра пред полни трибини во СЦ „Борис Трајковски“, откако билетите беа распродадени неколку дена пред натпреварот. Атмосферата во салата ветува спектакл, а ракометарите на Алкалоид имаат можност со нова силна партија да се закитат со првиот европски трофеј во клупската историја.

„Продадени се сите билети за натпреварот меѓу РК Алкалоид и АЕК Атина што ќе се игра во недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20:30 часот.

Вашата поддршката многу ни значи!

Ви благодариме!

Достоинствено да навиваме и да го поддржиме нашиот клуб во големото европско финале, на патот до европска титула!

Се гледаме во сала“, се вели во соопштението на Алкалоид.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното