Во април годинава е забележано зголемување на прометот во дел од трговијата на мало, при што најизразен раст има кај продажбата на храна, пијалаци и тутун, покажуваат најновите податоци на Државен завод за статистика.
Според статистиката, во април 2026 година, во споредба со истиот месец лани, во групата „Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун“ е забележан номинален раст од 17,3 отсто, додека реалниот раст изнесува 11,3 отсто.
Во категоријата „Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен горива“, е евидентирано номинално намалување од 1,1 отсто, но реално зголемување од 5,2 отсто.
Кај „Трговија на мало, освен трговијата со горива“, прометот е зголемен за 8,6 отсто номинално, односно 9,3 отсто во реални услови.
Спротивно на тоа, во „Трговијата на мало со автомобилски горива“ е регистриран пад од 19,4 отсто во реални услови, додека номиналното намалување изнесува 1,8 отсто.
Податоците укажуваат на различни трендови во потрошувачката, со пораст на основните прехранбени производи и намалување на прометот кај горивата.