Цените на становите во Европската унија се зголемени за 4,9 отсто на годишно ниво во четвртиот квартал од 2024 година, а кириите за 3,2 отсто, објави денеска Евростат.
Во однос на третиот квартал од 2024 година, цените на становите се зголемени за 0,8 отсто, а на кириите за 0,6 отсто. Во периодот од 2010 година до четвртиот квартал од 2024 година, цените на становите во ЕУ се зголемени за вкупно 55,4 отсто, а кириите за 26,7 отсто.
Како што се наведува, во наведениот период кириите постојано се зголемувале, додека цените на становите следеле попроменлива шема.
Од првиот квартал на 2015 година до третиот квартал од 2022 година е забележан многу висок раст на цените, проследен со мал пад и стабилизирање, така што цените повторно би почнале да растат во 2024 година.
Ако се внимава на растот на цените на становите во земјите на ЕУ од 2010 година до четвртиот квартал од 2024 година, најголем скок е забележан во Унгарија 234 отсто и Естонија 228 отсто. Цените на становите се зголемени повеќе од двојно во Литванија 187 отсто, Летонија 153 отсто, Чешка 142 отсто, Португалија 120 отсто, Бугарија 115 отсто, Австрија 112 отсто, Луксембург 105 отсто.
Во Кипар цените на куќите останаа на исто ниво како во 2010 година, а Италија беше единствената земја каде што цените на становите се намалија за четири отсто.
СЛЕДЕТЕ НЕ: