Расте бројот на загинати во Хонг Конг – полицијата уапси три лица

Во страшниот пожар кој ја зафати стамбената зграда во Хонг Конг, животот го загубија најмалку 40 лица, додека пожарникарите сѐ уште се борат со огнената стихија.

„Жалам поради смртните случаи и изразувам длабоко сочувство до семејствата на починатите и повредените. Ќе им обезбедиме целосна потребна помош“, изјави за новинарите лидерот на Хонг Конг, Џон Ли.

Ли додаде дека причината за пожарот сѐ уште е под истрага.

45 лица се во критична состојба. Полицијата во Хонг Конг уапси тројца мажи осомничени за убиство поради немарност.