Свет

Расте бројот на закани преку интернет – МВР поднело 49 кривични пријави

Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против 49 лица за ширење на говор на омраза и закани на социјалните мрежи. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, вели дека со стартувањето на изборната кампања се зголемил и бројот на ваквите случаи. Додава дека граѓаните треба да внимаваат што објавуваат на интернет.

Но, зошто имаме говор на омраза и закани на интернет? Социологот Илија Ацевски вели дека причината за ваквата појава е недостаток на општото образование. Тврди дека потребно е да се формира посебна установа која ќе ги следи ваквите случаи.

Инаку, минатата недела МВР го приведе Жарко Гроздановски, кои објави видео снимка која содржеше закани на адреса на премиерот Зоран Заев. Во меѓувреме, активист од Куманово, Ваљон Елези, до Министерството за образование достави петиција со 1.800 потписи против професорката на Универзитетот „Кирил и Методиј“, Билјана Ванковска поради статусот кој го објави на нејзиниот фејсбук профил дента кога се случи трагичната несреќа кај Ласкарци.

РЕПОРТЕРКА: АРБАНА Ќ.КЛИМЕНТА

The post Расте бројот на закани преку интернет – МВР поднело 49 кривични пријави appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни