Македонија

Растот на економијата е проектиран на 3,8 отсто – ДПМНЕ со критики: Буџетите на СДСМ се расипништво и лоповлук

Министерката за финансии, Нина Ангеловска без да даде подетални податоци за предлог буџетот за 2020 година, рече дека овој пат буџетот е фокусиран во човечкиот капитал, таа  објави неколку основни податоци за буџетот за 2020 година, кој е во владина постапка. Растот на економијата за следната година е проектиран на 3,8 отсто, а буџетскиот дефицит на 2,3%. Ангеловска.

Реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. од таму велат дека од мегаломанските буџети на СДСМ , граѓаните од мегаломанските буџети на СДСМ видоа само лоповлук и расипништво, а реализацијата на капиталните инвестиции веќе трета година по ред е очајна.

Предлог-буџетот за 2020 година се очекува да се усвои следната недела на владина седница и ќе биде испратен за усвојување во Собрание.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни