Како ударни и најнови вести светските агенции и медиуми ја пренесуваат одлуката на грчкиот парламент за ратификација на договорот од Преспа.
„Грчките европратеници гласаа ЗА историскиот договор и за новото име на Македонија. Со ова се завршува деценискиот спор кој ги наруши односите меѓу двете земји“, пишува АФП.
„151 од 300 пратеници го одобрија договорот со кој се отвора патот за пристапување кон ЕУ и НАТО на Република Северна Македонија“, додава АФП.
Ројтерс пак пренесува дека грчкиот парламент денеска го ратификуваше договорот со кој се менува името на соседна Македонија и со што се деблокира деценискиот спор на Македонија за влез во ЕУ и НАТО.
Турската државна новинска агенција Анадолу објави дека Грчкиот парманет го одобри договорот за номенклатурата направена од страна на Македонија.
Би-Би-Си објави дека „грчките европратеници го одобрија историскиот договор со Македонија со што завршува 27-годишниот спор со северниот сосед“.
Парламентот во Атина договорот го усвои со 153 гласови за, против 146.