Разбиена шестчлена криминална група која криумчарела мигранти

МВР преку портапоролот Тони Ангеловски денеска објави дека е разбиена шестчлена криминална група, која криумчарела мигранти низ нашата земја, со крајна дестинација во земјите од ЕУ.

Се вчитува...

„Денеска одделот за гонење на сериозен криминал при МВР, како и обвинителството за гонење на висок криминал и корупција, превзеде активности за сузбивање на шестчлена криминална група која се занимавала со круимчарење на мигранти.

Главната организатори на групата се двајца браќа од Богданци, заедно со лица од Грција. Мигрантите биле пренесувани нелегално на територијата на Северна Македонија во близина на Струмица, Гевгелија и Дојран, каде биле пречекувани со членови на криминалната група и со моторни возила биле пренесувани до кумановско-липковскиот регион.

Таму биле сметени, а потоа понатамошен транспорт во Србија па во земјите од ЕУ.

Цената за пренесување преку нашата држава од 500 до 700 евра по лице.

Извршени се претреси, приведени четири лица, а едно лице пред неколку месеци издржува мерка притвор. При претресите се запленети патничко возило и мобилни телефони“

.

Извор: ТВ21