Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

„Разговорите не треба да се водат на друго место“ – Битиќи очекува присуство на Мицкоски на економскиот совет во Влада

Еве јавна пофалба за курсот на опозиционата партија ВМРО-ДПМНЕ, за прв пат после 3 години во периоди на криза во кои што јас цело време повикувам на токму ова што опозицијата вели дека треба да се седне и да се разговара, порача потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во своето гостување на Телевизија 24.

„Во период на криза, време за политика нема, затоа што на крај на денот сите работиме за иста цел, а тоа е за граѓаните. Ние кажавме дека сметаме дека во Владата во институциите во склоп на системот се бараат решенијата, и искрено сметам дека разговорите не треба да се водат на друго место. Особено не во тесен круг, затоа сметавме дека економскиот совет е правата форма во која ќе се дебатира. Таму се сите економски чинители и од политичкиот сегмент, но и од светската фела плус универзитетската фела. Нешто налик на економскиот совет кој што го имавме кога беше ковидот.  Не се носат одлуки туку се расправаат решенија и се даваат совети на Владата, а Владата е таа која понатаму ги носи одлуките.“ порача Битиќи, додавајќи дека очекува учество и на претставници од опозицијата.

Присуство таму очекувам не само на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ туку и на неговиот тим од политичката партија кој што секако се добродојдени за да ги кажат своите видувања, заклучи Битиќи.

Во емисија на телевизија 24, Маја Кадиевска од ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека е прифатена поканата од премиерот Ковачевски и дека на средбата ќе присуствува економскиот тим на партијата предводен од Христијан Мицкоски. – Прифатен е повикот од премиерот Ковачевски за утрешна средба каде ќе присуствува економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Христијан Мицковски. Ги нудиме нашите ресурси и концептот. Утре ќе биде запознаен и премиерот. Би требало да се разговара во вакви тешки времиња и треба да седнеме заедно најголемата опозициона партија со Владата, изјави вечерва Кадиевска.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни