Разговорите се снимале и во новата зграда на Основен Суд Скопје 1, рече Заев

Систем за снимање на разговорите немало само во Јавното Обвинителство, ист таков имало и во новата зграда на Основен Суд Скопје 1 рече вечерва Зоран Заев.

„Истоветен систем е поставен и во новата зграда на Основен суд Скопје 1 и веројатно ќе кажат и каде се на друго место. Уште во далечната 2016 година, некаде тоа е користено, некаде не, истрагата ќе покаже кој тоа го користел, кој како го злоупотребил. Јас верувам дека веќе ги имаат сите наоди – рече Заев одговарајќи на новинарско прашање за последните објави на Јавното обвинителство дека кај нив се пронадени хард дискови со прислушкувани разговори.

Се вчитува...

Извор: ТВ21