Ви доаѓаат гости, а сте заборавиле да го разладите пијалокот? Еве неколкуј совети од Дан Маршал. автор на книгата „Животни трикови, работи кои ќе ви го направат животот полесен“.
Првиот трик е едноставен – натопете пешкир во вода и во него ставете го пијалото, а потоа во замрзнувач. За околу 15 минути пијалокот ќе биде освежувачки ладен.
Маршал има и корисен трик како да го разладите, а да не го разводнувате со мраз: замрзнете неколку зрна грозје и ставите ги во чашата со пијалок.
Кога ќе се одмрзне грозјето, нема да се стопи и да го разводни пијалокот.
