Владата на денешната седница разреши директори кои доаѓаат од редовите на Алијанса за Албанците.
Според информациите, разрешени директорката на Македонски пошти, Бујаре Абази, како и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Газменд Абдија.
Бујаре Абази инаку е и потпретседател на АА која доаѓа од скопскиот огранок, а по последните инциденти во партијата застана на страна на претседателот Арбен Таравари кој реши да влезе во коалиција со албанската опозиција ЕСП.